Усогласувањето на пензиите со трошоците на живот двапати годишно обезбедува постојан раст изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Појаснувајќи, рече дека законската потреба се воведува за да не мора да се поместува старосната граница за пензионирање на 67 и за да не се замрзнуваат пензиите.
Варијантата која што е избрана, како што додаде Царовска, е средна варијанта која значи раст во континуитет дури и дополнително зголемување од четири проценти доколку БДП биде над четири проценти.
За растот на пензиите Министерката Царовска упати на статистичките податоци, според кои во 2016 просечната пензија изнсувала 13.754 денари, а минатата година 14.421 денар.
Одговорот на министерката следеше по вчерашната реакција од страна на Здружението на пензионери, од каде рекоа дека новиот начин на усогласување не овозможува раст на пензиите.
Comments are closed for this post.