Блок 2 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.
– Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол, соопшти АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола.
По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, се вели во соопштението, следуваат ремонтни активности на Блок 3 што ќе траат до 15 октомври.
Претходно, во периодот од 10 мај до 25 јули годинава беше направен капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола
Comments are closed for this post.