За наредната недела се предвидува ново задолжување по основ на аукција на државни хартии од вредност во износ од 26 милиони евра, изјави денеска Димче Арсковски, порпарол во ВМРО ДПМНЕ.
Границите и сите психолошки бариери се пробиени. 2018-тата година ја завршивме со нов нето долг од 415 милиони евра во споредба со 2017-тата година. Благодарение на оваа неспособна власт која од економија разбира само задолжување секој граѓанин сега должи 2.570 евра.
Јавниот долг ги надмина двете психолошки граници од 50% од БДП, и 5,2 милијарди евра, а ако погледнеме од друга страна, ништо не сработи оваа влада. Капиталните инвестиции се на исклучително ниско ниво на реална реализација од само 50-тина проценти од она што го предвиде самата влада, ниту се градат патишта, ниту се градат болници, ниту се градат училишта, ниту се градат градинки, ништо не се гради.
Јавноста секој ден слуша како парите на граѓаните се трошат од овој криминален картел на власт за доделување на тендери на партиски функционери од СДСМ и Владата, на вработување на мајки, синови, ќерки и сестри на луѓе од власта. Ете каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои што не задолжува нас граѓаните оваа власт.
Граѓаните за жал се се посиромашни откако дојде СДСМ на власт. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија.
Перспективата која ја нуди оваа власт е јасна, а тоа е банкрот на државата на сметка на лично богатење на овој криминален картел на власт. Затоа СДСМ бега од соочување со народот, затоа што знае дека ќе биде казнета за сите грешни и штетни погубни политики во економијата која им ги приреди на граѓаните.
Нивната математика е јасна да останат уште некој месец или година на власт, да си ги вработат сите најблиски и да земат уште некој милион на своите сметки. Криминалот на оваа власт е повеќе од јасен и еден ден кога судството ќе биде надвор од рацете на Заев сите до еден ќе одговараат за се што направиле, изјави Арсовски.
Comments are closed for this post.