Три поранешни банкари од банката „Кредит Свис“ се уапсени поради наводна  измамна шема од 2 милијарди долари, поврзани од фирми од Мозамбик, пренесува Би Би Си.

Мажите се ослободени со кауција во Лондон, додека САД бараат нивната екстрадиција.

Шемата, наводно, вклучувала заеми на државните претпријатија во Мозамбик.

Двајца други, вклучувајќи го и поранешниот министер за финансии на земјата, исто така, се уапсени.

Обвинението вели дека преку серија финансиски трансакции помеѓу 2013 и 2016 година, повеќе од $ 2 милијарди се позајмени преку заеми гарантирани од владата на Мозамбик.

Во текот на трансакциите ко-заговорниците дејствувале да ги измамат инвеститорите.

Во соопштението, од Кредит Свис изјавија дека тројцата поранешни вработени биле обвинети од страна на американските власти за „заобиколување на нашите внатрешни контроли“ во измама поврзана со владата на Мозамбик и дека не е преземена никаква акција против „Кредит Свис“.