Бислимоски призна дека заради лошото управување со ЕЛЕМ и криминалните тендери, народот ќе плаќа поскапа струја, Ковачевски молчи. Марко Бислимоски по 5 години на чело на РКЕ накрај беше искрен со граѓаните и призна дека заради слабото производство на струја од страна на ЕЛЕМ се јавуваат огромни потреби од увоз на струја, која е и до 260 евра за мегават час, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека само заради лошиот менаџмент со РЕК Битола, хидроакумулациите и другите енергетски капацитети народот сега плаќа 30% поскапа струја, а во најава се нови покачувања.
-Конечно некој од власта искрено да ја признае својата неспособност. Годишните загуби заради недоволното производство на струја од домашните капацитети можат да одат и до 250 милиони евра. Тие 250 милиони евра, се пари во девизи, кои трајно се одлеваат од Македонија. Тие пари доколку власта добро менаџира со енергетските капацитети би останале во државата и ќе можат да се инвестираат во енергетски проекти, но наместо тоа, тие се одлеваат за купување на скапа струја, а енергетскиот систем е се послаб и послаб. СДСМ буквално нема план за справување со енергетската криза. Тие конечно треба да си ја признаат својата неспособност и да распишат предвремени парламентарни избори, по кои ќе следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја извади државата од криза, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.