За разлика од минатата година оваа година на граѓаните чии семејни приходи не надминуваат над 30 илјади денари ќе имаат можност  сами да аплицираат и да добијат ваучери за туризам, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на денешната прес-конференција информираше дека ќе има и финансиска помош за хотелите кои минатиот пат не можеа да ги искористат ваучерите кои беа издадени.

-Во текот на месец мај ќе биде објавен повикот каде сите работници со ниски примања ќе можат да аплицираат и да добијат соодветни ваучери, тоа е редовна програма која ја имплементиравме во министерството за економија за поттикнување на домашниот туризам. Аплицирањето ќе започне во мај пред да почне летната сезона. Воедно ќе има финансиска помош и за хотелите кои беа надвор од туристичките центри и не можеа да ги искористат ваучерите тие ќе бидат помогнат со милион евра, изјави Бектеши.