Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава е во минус за 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Раст е забележан во секторот градежништво за 1,7 проценти, дејности во врска со недвижен имот за 0,5 проценти и во секторот земјоделство, шумарство и водостопанство за 0,3 проценти.
Државниот завод за статистика информира дека финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално пораснала за 1,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 65,5 проценти.
Извозот на стоки и услуги номинално е зголемен за 18,3 проценти, а увозот за 11,2 проценти.
Бруто инвестициите бележат опаѓање во делот на промената на залихите.
Comments are closed for this post.