Автопатот Штип – Миладиновци ќе биде пуштен за 10 – 15 дена, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, кој денеска заедно со министерот за
транспорт и врски Горан Сугарески изврши увид во реконструкцијата на
регионалниот пат Пробиштип – Злетово.
Потенцира дека во изминатите месеци се коригирале грешките што се направиле при проектирањето на автопатот, во кои не бил предвиден пристап на сервисни патишта за населението од светиниколскиот регион, а се поставува и заштитната мрежа по должината на автопатот.
Од изведувачот „Синхидро“ добивме известување на 19 декември дека автопатот е готов, но повторувам којзнае по кој пат дека бевме во инспекција и видовме дека еден дел од сервисните патишта и што е поважно за безбедноста на учесниците во сообраќајот мрежите што се
покрај автопатот не се завршени. Беа завршени 60 отсто, а 40 отсто не беа.На мое и на ваше задоволство можам да кажам дека направив увид на некаде десетина километри во моментов не е завршена мрежата и ако земете во обѕир дека некаде на еден километар на ден се поставува
мрежа, значи за 10 – 15 дена ќе биде пуштен патот. На некои места ќе има времен сообраќаен режим, каде што ќе се прават клучките за помошните места, за сервисните патишта за граѓаните да си одат до своите парцели, вели Китанов.
Comments are closed for this post.