Не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да објавува што и каде е дистрибуирано се додека тоа не претставува опасност по здравјето на граѓаните, рече директорот Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последниот Извештај на Институтот за јавно здравје и утврдените количества тешки метали во некои прехранбени производи.
Атанасов е дециден дека АХВ е законски должна да ја информира јавноста, а и така постапува, само во случај кога ќе утврди евентуално присуство на храна несоодветна во однос на безбедноста и штетна по здравјето на луѓето.
Дали и во која продавница што е затекнато и досега не беше пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство да објавува ако не претставува опасност по здравјето на граѓаните. Во системот има следливост и ако не се повлече целото количество за кое е утврдено дека е несоодветна и штетна по здравјето на луѓето, тогаш сме должни до јавноста да соопштиме дека е присутно такво количество и да наведеме каде се е дистрибуирана, Тоа го предвидува Законот, рече Атанасов на прес-конференција во Владата.
АХВ минатата година доби драстично зголемени средства за здравствена заштита на животните и за безбедност на храната, сума која, рече директорот, е преточена и оваа година.
Лани имавме затекнати обврски од 100 милиони денари, а оваа година тоа не е случај, имаме само тековни фактури од претходниот месец. Лани воведовме и нови програми, испитување на микробна резистенција и кај добиточна и кај храна за луѓе, како и програма за посебни физичко-хемиски и биолошки опасности во храната. Се испитуваат сите додатоци, адитиви, бои, се што може да е евентуална опасност за здравјето на луѓето, подвлече Атанасов.
Comments are closed for this post.