Денес сме во Струмица, најземјоделскиот регион во Македонија да потсетиме дека оваа година е една од најкатастрофалните години за земјоделците и за земјоделието, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Земјоделците се соочуваат со катаклизма во секоја област во овие 15 месеци откако СДСМ е на власт. Откуп речиси во ниту една гранка од земјоделието нема, а и таму кај што има е по цени пониски од реалните трошоци на производителите, односно производителите одат во загуба. Впрочем за тоа најдобро може да посведочи вредниот народ тука во Струмица кој што се занимава со земјоделие. Пропадната година е за производителите на домати, бостан, зелка и краставица. Трудот на земјоделците не беше воопшто вреднуван, производите скапуваа по нивите или се фрлени по ѓубриштата. Сликите од скапани домати, бостан зелка, но и сливи кои што ги истураа производителите, праски низ целата држава станаа секојдневие, се поради отсуството на политики на оваа власт поврзани со земјоделието, вели тој.
Арсовски потсетува дека сега сме во пресрет на откупот на пиперката за ајвар.
-Очекуваме дека министерот Николовски конечно ќе ги напушти кабинетите и канцелариите и ќе излезе помеѓу земјоделците, барем откупот да помине со што е можно помалку проблеми од минатите откупи. Потсетуваме дека струмичкиот регион пред извесно време беше зафатен со огромна непогода, а обесштетувањето на земјоделците не е се уште направено исто како што има проблеми и со исплатата на субвенциите. Сето тоа говори дека оваа Влада нема чувство за потребите на земјоделците, за нивниот труд и за нивната мака која што ја вложуваат за да ги одгледаат производите. Од земјоделието тука во Струмица и во цела Македонија живеат десетици илјади семејства. Тие гледаат дека оваа година се оставени сами на себе и не можат да се потпрат на министерството за земјоделие кое поради својата неодговорност и неспособност предизвикува повеќе штети, отколку што им нуди и им дава решенија на производителите на земјоделски култури. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да биде помеѓу народот, помеѓу земјоделците и да нуди излез за состојбите во кои што ги втурна оваа Влада на СДСМ земјоделците. Тоа е гранка која е особено важна и која не трпи аматеризам од власта, бидејќи една пропадната сезона за земјоделецот се рефлектира во нивните наредни три сезони, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.