Во вторник самопрогласениот министер за финансии Зоран Заев ќе го направи своето прво задолжување. Македонија ќе ја задолжи за нови 15 милиони евра. Но тоа што е скандалозно за ова задолжување е фактот што овој долг доспева за враќање после 30 години, цели три декади. Кога добро ќе се пресмета после триесет години ќе вратиме 15 милиони евра кредит плус 18,8 милиони евра камата, односно вкупно 33,8 милиони евра ќе не чини оваа катастрофална одлука на Зоран Заев, односно прва одлука за задолжување како самопрогласен министер за финансии изјави денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Патем останува нејасно зошто се прави ова задолжување во услови кога Владата предводена од Зоран Заев не работи ништо, реализацијата на капиталните инвестиции е само 13,74% до моментот, нема ништо од ветените 600 километри автопат, нема нови болници, нема нови училишта, нема нови амбуланти, нема ништо ново реализирано како капитални инвестиции од ова влада на Заев, вели Арсовски.
Ова е уште еден доказ дека Македонија со Заев не блеска, туку тоне се подлабоко и подлабоко со секој изминат ден. Со изгубениот Заев, Македонија станува загубена држава, вели Арсовски.
Comments are closed for this post.