Генералниот совет на Светската коморска федерација со седиште во Париз, го објави назначувањето во раководството на Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори (ССК).
Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница во Дубаи со што во раководството на највисоките позиции на оргазнизацијата од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Македонија.
Арсовска ќе го заземе местото на еден од 20 -те членови на Генералниот совет кои ќе раководат со Федерацијата. Останатите членови ги претставуваат САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија.
Според ССК, назначувањето во највисокото тело на Светската коморска федерација значи позиционирање на Македонија како центар на Западен Балкан за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, сигурни партнерства за домашните стопанственици со цел зголемување на извозот и информации од прва рака за светските економски случувања.
Горда сум лично и професионално на овој голем успех за Република Македонија и дека по 100 години постоење на Светската федерација од 12.000 комори прв пат во раководство на највисоките позиции доаѓа лице од Македонија, но и единствен претставник на Западен Балкан. Назначувањето на функцијата во Генералниот Совет е круна на заложбите за интернационализација кои ги промовиравме во изминатите години. Местото кое го заслуживме треба максимално да го искористиме за јакнење на нашата економската позиција, за привлекување инвестиции во нашата земја, но и за отворање на пазарите за нашите компании за кои е предизвик да пласираат на глобалниот пазар. Пред нас е шансата што треба да се искористи, рече Арсовска во Дубаи.
Светската коморска федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој.
Советот на Светската Коморска Федерација со седиште во Париз, секоја година организира глобален настан на различен континент. Лани почна со реализација на стратегиските цели во Кина, а годинава глобалната агенда ја објави во Дубаи.
Comments are closed for this post.