Во Македонија не недостасуваат млади и образувани луѓе, недостасуваат млади и едуцирани луѓе со претприемачки дух, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, на дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО“.
Анѓушев нагласи дека ЕУ и НАТО ќе преживеат без Република Македонија, но дека квалитетот на живот во нашата земја без членство во овие две организации нема да го достигне посакуваното ниво.
Членството во организации како НАТО и ЕУ не значи само безбедност, тоа е многу повеќе, значи придобивки за економијата и подобар живот на граѓаните на Република Македонија. За сите стопанственици многу важни се владеењето на правото, стабилноста на државата, а дури на трето место се поволностите кои државата ги нуди за водење на бизнис. Активно работиме на подобрување на владеењето на правото, донесовме и мерки за поттикнување на инвестициите, а членството во НАТО и ЕУ ќе ја донесат посакуваната стабилност. Сведоци сме дека само со посветеноста за влез во овие организации има позитивни импакти, нивото на странски директни инвестиции во првата половина од годината е на рекордно ниво и го надминува нивото на СДИ во претходните години“, подвлече Анѓушев.
Вицепремиерот Анѓушев истакна дека соработката на Република Македонија со Сојузна Република Германија треба да се одвива во повеќе насоки, а дека присуството на институтот Хеиделберг, кој започна со работа оваа година и кој е дел од истоимениот универзитет од Германија, еден од трите најстари во Европа, е добар пример како да се унапредува соработката во образованието.
Успешна економија нема, доколку нема успешни домашни претриемачи. Доколку сакаме да имаме успешна економија, мора да имаме развиена индустрија, треба да се развива конкурентноста на компаниите, особено кога станува збор за мала земја како Република Македонија. Тоа значи дека мора да бидеме извозно ориентирани, да бидеме конкурентни со целиот свет. Треба да се зголеми продуктивноста, преку пристап до технологии и трансфер до знаења. Во таа смисла трансферот на знаења кој може да се добие преку соработка со врвни унверзитети, каков што несомнено е Хеиделберг, трет најстар универзитет во Европа, се од круцијално значење. Во Република Македонија имаме млади и едуцирани луѓе, ни недостига претприемачки дух. Преку членство во ЕУ и НАТО ќе се добие пристап до повисоки средства за технолошки развој, набавка на технологии, а Владата ќе помогне за развојот на претримачкиот дух кај младите луѓе“, заврши Анѓушев.
Претседателот на деканската управа на Институтитот, Улрих Цеител наведе дека Македонија со право е пред „портите“ на ЕУ. Тој се осврна на моменталната состојба во Унијата, поради Брегзит, констатирајќи дека „состојбата во моментов е тешка“ и оти постои голема напнатост.
Истакна дека доколку во земјата има добро образовани лица, тогаш и економијата ќе расне, индустријата ќе добива, ќе се отвораат нови работни места и со тоа ќе има економски просперитет и развој. На тој начин Македонија ќе стане и поконкурентна.
Comments are closed for this post.