Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.
Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и е највисока досега. Ако имаме предвид дека е зголемена за 3,1 отсто во спредба со истиот месец лани и со тенденцијата која веќе ја имаме очекувам до крајот на мандатот на Владата што исекува на крајот на 2020 година да биде постигната просечна плата од 30.000 денари како што и ветивме. Со мерките што ќе ги предложи Владата после септември очекуваме растот на платата да биде позабрзан во следната година врз база на развојот на реалната економија, а не врз проекти што само Владата ги финасира, изјави Анѓушев во одговор на прашање при денешната посета на Општина Градско.
Најави дека Владата има намера да им помогне на компаниите како да ги зголемат платите на своите вработени и со тоа да го реши проблемот на заминувањето на луѓето од државата, зашто, како што рече, токму за тоа е пресудна платата.
Имаме механизм како да им помогнеме на компаниите. Се разбира тие треба да издвојат најголем дел од средствата за зголемување на платите, но ние како држава во еден дел на придонесите можеме да им помогнеме, одсобено на најранливите категории и најниските плати како тие да се зголемат и при тоа да се обезбедат подобри услови за живот на сите граѓани во државата. Тоа треба да биде определба не само од политички причини, туку и за да обезбедиме долготраен и одржлив развој на економијата, бидејќи економија без луѓе нема, а луѓето мора да ги направите задоволни за да останат во државата, потенцира Аѓушев.
Comments are closed for this post.