Има пари за купување резерви на нафта и нафтени деривати. Според она што го има како средства на сметката на Дирекцијата за складирање, апсолутно сме најдобри во регионот, а мислам и дека сме многу блиску до договор за цена со компаниите, рече денеска вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Одоворајќи на новинарски прашања по настанот на кој Стопанската комора на Македонија одбележа 97 години од работењето, Анѓушев напомена дека со години наназад не е плаќано ништо за складирање на нафтените деривати.

Пред десетина дена имавме состанок со компаниите од нафтениот сектор на кој присуствуваше и премиерот. Понудивме одредена цена. Мислам дека сме блиску со компаниите да дојдеме до решение за вредноста, истана Анѓушев.