Во услови кога работното време на администрацијата е од 08:00 до 14:00 часот и кога вработените одат на работа преку еден ден, министерката за економија, Нина Ангеловска, смета дека платите на административците би требало да бидат намалени.

Во  емисијата „Економски магазин“ на Алсат,  беше запрашана околу можноста за евентуално намалување на платите кај вработените во јавната администрација, Ангеловска вели:

„Од солидарен аспект, дали сметам дека треба да понесе дел од товарот и администрацијата, дефинитивно сметам дека треба“, рече Ангеловска не одговарајќи притоа на прашањето – од кој месец би можело да се очекува евентуална таква владина мерка.