Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии. Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.
Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.
Во интервју за МИА, Анѓеловска истакна дека ќе се вложува во проекти што ќе донесат економски раст и ќе ја намалат невработеноста. Таа посочи дека Министерството го очекува амбициозна агенда и реформи, како мерката за стимулирање раст на платите, што е предвидена со претстојаниот ребаланс на буџетот.
Comments are closed for this post.