Технолошкиот гигант Apple, чии акции се тргуват на берзата, на 2 август стана првата компанија во светот чија пазарна капитализација достигна 1.000 милијарди долари. Причината за овој успех на Apple, како што пишува “Њујорк тајмс”, беше едноставна, бидејќи таа е компанија која произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат голема сума на пари.
Сега е Амазон, чиј основач е извршниот директор Џеф Безос “тежок” речиси колку што се Бил Гејтс и Ворен Бафет заедно, стана втората американска компанија која ја премина некогаш незамисливата линија од 1000 милијарди долари. Сепак, овој пат причината за успехот е малку поинаква.
Всушност, Амазон зема по 49 центи за секој долар потрошен во е-трговијата во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и генерира годишни приходи од 178 милијарди долари.
Овој гигант на пазарот продава од игла до локомотива, но она што отсекогаш најмногу го продавал на инвеститорите, купувачите и на медиумите е возбудата, бидејќи на самиот почеток „Амазон“ пред се беше нов возбудлив начин за онлајн купување на книги, пишува: “Њујорк тајмс”.
Comments are closed for this post.