Висината на пензиите во Македонија се движи од над 50 илјади денари до нешто над 10 илјади денари. Просечната пензија на повеќе од 300 илјади пензионери изнесува нешто над 15 илјади денари. Новата директорка на ПИОМ Билјана Јовановска за Денар вели дека пензионерите треба да бидат спокојни, нивните пензии и периодот што следи, навремено ќе им бидат исплатени. А во собранието веќе пратениците расправаат за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Главните измени се однесуваат на тоа во пензија задолжително  да се оди на 64 години, исклучок ќе има само за одредени дефицитарни професии.

Преземањето на раководната позиција на ПИОМ се случува во еден деликатен период кој претставува дополнителна одговорниост и обврска, вели  Билјана Јовановска директорка на Фондот. Признава дека ситуацијата на економски план е сложена но уверува дека пензиите ќе се исплаќаат редовно.