Македонија оди напред, но само во изјавите на владините претставници. Доколку се анализираат извештаите само од оваа недела, нашата земја бележи пад во речисти сите области и тоа го потврдуваат светските и реномирани институции
Последниот пад е оној од 13 места на листата на Транспаренси интернешнл за индексот на корупција во 2019-та година. На 106-то место, нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.Ниту претходно, во 2018-та година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018-та година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот.
–Минатата година коментиравме дека резултатот бележи подобрување под влијание на перцепцијата за работењето на СЈО или под влијание вербата и довербата што граѓаните ја имаа во работењето на таа институција. Денес резултатите покажуваат дека довербата во институциите во јавниот сектор, во политиката значително се намалува повторно, истакна Тасева.
Овој извештај e последен, од листата на падови, но не е и единствен. „Економист“ исто така напиша дека во нашата држава не владее демократија , туку хибриден режим. Македонија е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, објави „Економист“.Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018-та година.
Според рангирањето, Македонија и натаму останува во групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан.
Македонија е падната на речиси сите листи во економскиот дел
Иако годинава што измина, екс премиерот Зоран Заев ја најави како економска, светските ранг листи го забележааа падот во неколку области, како на пример драстичното намалување на конкурентноста, падот од листата на еконмски слободи, не рангирање ниту во оценките за најдобри технолошко индустриски зони.
Македонија исто така, има најнизок раст на платите во целиот регион Последни сме со само 3,8% раст. За споредба, соседна Бугарија има 10,4% зголемување на просечната плата во 2019-та.
За три години пад од 24 места на листата за конкурентност
Минатата година, земјава падна за повеќе од 20 места во Извештајот за глобалната конкурентност, за рок од три години. Во Извештајот , за 2018 година Македонија беше рангирана на 84 место. Во 2017 година, Македонија воопшто ја немаше во извештајот, односно беше исклучена поради недоволен број на податоци.
Во Глобалниот индекс на конкурентност за 2016 година Македонија беше на 68 место од 138 земји. Нашата земја од 60 место, падна на 68 место. По се изгледа најдобар резултат во однос на конкурентоста Македонија имаше во 2015 година, кога земјава беше на 60 место и имаше скок за три позиции.
Од економска зона број 1 во Европа – останавме надвор од конкуренција
Земјава не се најде ниту на листите за најдобри зони во светот, во извештаите на светски реномираниот ФДИ магазин. Од економска зона број еден во Европа и најконкурентна за инвестирање, во 2018 година Македонија, односно слободните зони воопшто не беа влезени во конкуренција.
Во 2014 година , Македонија , односно ТИРЗ Скопје беше прогласена за економска зона број еден во Европа. Наградата ДТИРЗ ја доби во конкуренција од 45 економски зони во светот вклучувајќи и 17 од Блискиот Исток и Северна Африка.
На прашањето зошто Македонија ја немаше во извештајот, првиот човек на ДТИРЗ Александар Младеновски тогаш изјави дека не пратиле податоци и проспекти, затоа што немало што да се прикаже.
Пад и на листата за еконосмки слободи
Уште еден од многуте падови на земјава е и падот на листата за еконски слободи. Индексот за економски слободи, што го изработува Институтот Фрејзер од Канада, ја рангираше Македонија на 73 место. Најлошо оценето со 4,31 – е правен систем и сопственички права. Ако се споредат податоците од претходните години, ќе се види дека во однос на 2015 година Македонија била на 60то место и со тоа забележала пад за 13 места.
Индексот на економска слобода на светот комбинира мноштво индикатори кои градат пет под-индекси – големината на владата, правниот систем и заштитата на правата на сопственост, стабилните пари, слободата на меѓународната трговија и регулативата.
Во Извештајот на Светскиот економски форум, Македонија не беше рангирана ниту на листите за најдобри автопати
Comments are closed for this post.