Европската комисија денеска донесе одлука да издвои 10 милиони евра дополнителни средства за поддршка на Босна и Херцеговина во решавање на проблемите поради зголемениот број мигранти и бегалци.
Со тоа, вкупното финансирање на ЕУ за миграцискиот проблем во БиХ од почетокот на 2018 година е 34 милиони евра.
Фондовите на ЕУ во најголем дел ќе се користат за формирање дополнителни центри за привремен прием и обезбедување на основни услуги и заштита, вклучително и храна и сместување, како и пристап до санитарни услови и хигиена.
Според официјални податоци, во БиХ од јануари 2018 година влегле речиси 36.000 бегалци и мигранти.
Comments are closed for this post.