„Тенисерка“, фотографија на која девојка стои пред мрежа и во едната рака држи тениски рекет, додека со другата го задржува белото здолниште, еден е од култните постери од доцните седумдесети.
Фотографијата „заработила“ милиони, а се почнало кога двајца луѓе одлучиле да направат аматерска снимка.
Во септември 1976 година, Мартин Елиот, студент по фотографија на Универзитетот во Бирминген, ја убедил својата 18 годишна девојка Фиона да се слика. Стилот кон кој тежнеел бил „пин-ап“.
За потребите на снимањето, Фиона од својата пријателка позајмила тениски рекет и здолниште (кое неколку години подоцна е продадено за 15 илјади фунти). Татко и ги дал тениските патики, додека топчињата кои се гледаат на фотографијата се впрочем играчки на нивното семејсно куче.
Вака настанала фотографијата на секси тенисерката, иако Фиона никогаш не играла тенис.
A handmade dress made by a #Gloucestershire lady that appeared in the Athena Tennis Girl Poster has sold for £15,500 pic.twitter.com/7SkemtoOTt
— BBC Radio Glos (@BBCGlos) July 5, 2014
Снимањето кратко траело, а Елиот искористил само еден филм. Фотографијата која најмногу му се допаднала ја однел во „Атена“, фото агенција. Веќе во 1977 година „Тенисерка“ се појавила на календарот на компанијата и оттогаш не престанува да се печати.
Постерот висел во речиси секоја тинејџерска соба и во кабините на камионџиите. Во тоа време се продавала за 2 фунти по парче, што за тоа време било одлична сума.
Мартин Елиот од оваа фотографија заработил 250 илјади фунти (273 илјади евра). Фиона, не добила ни денар, бидејќи на почетокот одлучила да не го промовира нејзиното име и одбила да го дели профитот.
Сепак, никогаш за тоа не жалела. Омажена е за мултимилионерот Ијан Вокер и во бракот со него добиле син и две ќерки. Сега работи како илустратор за локален весник и води повлечен живот.
Мартин Елиот станал угледен фотограф, a критичарите низ шега го нарекувале „гради и задник“. Од канцер починал на 63 годишна возраст.
Comments are closed for this post.