Очигледна е паниката во редовите на власта и напуштањето на бродот кој тоне. И тоа не се случува само во СЈО туку и помеѓу членовите на Владата на Република Македонија. Еден од тие примери е токму министерот за надворешни работи, г. Никола Димитров кој соочен со огромниот скандал „Рекет“ и со разоткриениот криминал на власта во кој централен лик освен осомничените е и токму премиерот Зоран Заев, некако како да крева раце и ги пушта низ вода. Имено тој во ФБ статус се правда дека цитирам: „Да бидеме на чисто, бидејќи има премногу сите, јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13“. истакна денеска Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на тоа што Зоран Заев имал и средби, и фотографии и меморандуми за соработка со Боки 13, дали не сметате дека ова не е вртење на грбот и шлаканица на оние кои се во бродот кој тоне. Дали ова не е вртење на грбот на Димитров кон Заев, Шекеринска, Костадин Костадинов, Стефан Богоев кој се сликале, среќавале и склучувале меморандуми со Боки 13 сега осомничен во аферата „Рекет“?, прашува Василевска.

Министерот Димитров треба да одговори дали го споделува ставот за карактерните особини со кој Заев го опиша Бојан Јовановски или тоа го осудува? Кој е пак ставот на Димитров за Заев, Шекеринска, Богоев, Костадинов, Ременска и останатите од СДСМ кои се среќавале и фотографирале па и соработувале со Боки 13, вели Василевска