Иран ги предупреди САД да не се обидуваат повторно да го запленат иранскиот танкер со нафта на отворено море, откако тој го напушти Гибралтар.
Според податоците за следење на поморскиот сообраќај, иранскиот танкер испловил од Гибралтар и се движи кон Грција.
Властите на Гибралтар претходно го отфрлија барањето на САД за задржување на бродот кој е запленет пред повеќе од еден месец поради наводно кршење на санкциите на ЕУ против Сирија.
На прашањето дали САД би можеле повторно да побараат запленување на танкерот откако испловил од Гибралтар, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, одговори дека таква евентуална акција ќе ја загрози безбедноста на пловењето на отворено море.
Издадовме предупредување преку официјални канали, посебно до швајцарската амбасада – истакна Масави.
Швајцарија ги застапува интересите на САД во Иран, кој нема дипломатски односи со Вашингтон.
Comments are closed for this post.