Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството и на здравствениот систем гледаат единствено како на приватна фирма. Ако има пари добро, ако нема пари, да се затвори или да се продаде, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Наместо да развиваат вистински концепт за јавно приватно партнерство, каде што би постоел и интерес за јавните здравствени установи со зајакнување на нивните капацитети, спроведоа концепт кој што пропадна по 6 месеци. Со ова единствено што направија, ги распродадоа професионалците од јавното здравство да трчаат по приватни болници или да трчаат во странство. Што направи друго ова трио за здравството? Прекинаа готов проект за клинички центар „Мајка Тереза“ со обезбедени пари од развојна ЕУ банка, спроведоа физибилити студии од кои нема никакви заклучоци, и последно актуелно го пропаднаа проектот јавно приватно партнерство за детската кардиохирургија за кој велеа дека е јавно приватно партнерство, а всушност немаше ништо такво. Со еден збор, последниве три години власт прават единствено штета на јавното здравство, и размислуваат како да го доразнебитат. За јавното приватно партнерство по нивниот терк, и Антикорупциска комисија отвори предмет! Како и што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ така наречениот проект јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија, воопшто не ни постоеше, освен за Дончев и за Филипче, вели Николов.
Тој додава дека единствениот лиценциран лекарски тим за детска кардиохирургија во Македонија, усовршен и создаден со народни пари, му рече НЕ на Дончев и на Филипче. Апаратурата дополнително која е во висина од 1,5 милиони евра стои на клиниката за детска хирургија стои недопрена и неискористена. Наместо развој на јавните институции, ни се случи разнебитување. Зошто? Затоа што јавно приватно партнерство всушност не ни беше ниту концепт!
-Да беше јавно приватно партнерство ќе важеа истите услови што важат и во јавниот здравствен систем, кој што ги штити правата и на пациентите и правата на медицинскиот персонал. А, тоа почитуваниот министер очигледно не знаете што е?! Тоа подразбира важење на законот, заштита на пациентите, заштита на медицинскиот персонал, транспарентност, на пример колку операции се направени, колкава е стапката на смртност итн. Вие министре како никогаш да не сте работеле во јавно здравство? Дополнително ги заборавивте и граѓаните! Знаете ли дека предуслов за реализација на јавно приватно партнерство во сите сфери, а особено во здравството бара комплексна и добро подготвена Национална стратегија за имплементацијата на јавното приватно партнерство? Направивте се, само не тоа што треба! Измина доста време, голема штета е направена во јавното здравство, посебно на граѓаните. Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење на Заев и на Филипче. Дајте си оставки додека е време, спасете го здравството и граѓаните на кои им е потребна медицинска помош. Потребно е техничка влада и што побрзо предвремени избори, додава Николов.
Comments are closed for this post.