Сериозен инцидент се случи во пеокот во Тирана кога едно скеел на зграда која се реконструирала се урнало при што две лица загинале, а упште три се повредени, објавија албански медиуми.
Инцидентот се случил во 15 часот на улицата Фаик Коница во главниот град на Албанија.
Скелето се урнало од 13-катната зграда која се реновира и силно паднала на земја. Пријавено е дека еден вработен (34) веднаш починал од падот, додека еден друг, 36-годишен починал откако бил заробен повеќе од два часа под скелето.
Три други лица, на возраст од 29, 34 и 36 години, се здобиле со сериозни повреди на главата и телата и биле превезени на трауматологија. Еден од повредените се наоѓа во критична состојба по извршената операција.
Се сомнева дека несреќата е предизвикана поради непочитување на техничките барања за безбедност. Според Репорт ТВ, Обвинителството во областа Тирана наредило приведување на технички инженер и администратор на компанијата за скелиња „Сила“.
Comments are closed for this post.