Македонската ракометна репрезентација до 19 години е поразена во осминафиналето на светското првенство кое се игра во нашата земја. Поразени сме од Португалија 29-25 и со тоа е испуштена шанса за пласман меѓу осумте најдобри.
Иако Португалија важеше за фаворит нашата репрезентација одигра добар натпревар и не му дозволи на противникот да се одлепи повеќе од три гола. Истото важеше и за вториот дел кога Македонија се доближи и имаше дури и минимално водство.
Но, како што беше случај во неколкуте последни натпревари, во финишот на мечот кога се крши резултатот, младите ракометари прават почетнички грешки, ја губат топката или пак имаат пробивање што не чини пораз, а овој пат и елиминација од светското првенство.
Comments are closed for this post.