Кавадарци ќе избира најбрз келнер во рамките на годинешнава манифестација „Тиквешки гроздобер“, информираат д Службата за односи со јавноста при општината.
Ги повикаа сите угостителски објекти да земат учество во трката со келнери, која традиционално се организира за време на стопанско културниот и туристички настан.
Предвидено е трката да се одржи на 6 септември, по главната улица ,,Илинденска” во Кавадарци.
„Тиквешки гроздобер“ ќе се реализира на 6, 7 и 8 септември и се очекуваат голем број на посетители од земјава и странство.
Comments are closed for this post.