„Педер“ не е нечија карактерна особина, „педер“ го симболизира општеството кое негува омраза, страв и гадење кон нас, се обрати Националната мрежа за борба против хомофобијата до премиерот Зоран Заев, кој во своето (до)објаснување на социјалните мрежи изјави дека со изјавата „еден педер“ мислел на карактерна особина, а не на сексуална ориентација.
ЛГБТИ луѓето, се вели натаму во обраќањето, зборот „педер“ го слушаат секојдневно; во училиштата, на улица, во државните институции, од ресторани и берберници до полициски станици. Да се биде „педер“ во Северна Македонија значи да се живее во средина која те дехуманизира, ти ја ограничува слободата, најгрубо ти се замешува во приватноста и не ти овозможува да ги оствариш своите желби и планови под еднакви услови како и останатите граѓани. Бидувањето „педер“ некои од нас ги чинело имногу повеќе-насилство кое полицијата никогаш не го решила, семејства кои не повредиле и не не прифаќаат, насилство кое оставило длабоки рани од кои црпиме мотивација за отпор и мотивација за отпор и солидарност, за ревносна борба за нашите права и рани на кои сме горди.
Откако јавноста дозна за случајот „Рекет“ во кој е вмешан Бојан Јовановски, во медиумите и на социјалните мрежи фокусот е ставен на неговата претпоставена сексуална ориентација и истата се користи за лично омаловажување и исмевање, со што се прави голема штета по достоинството на целата заедница. Најверојатно не треба да објаснуваме дека сексуалната оринетација на Боки 13 нема врска со неговото противзаконско делување.
Проблемите со кои се соочуваме се бројни, а вакви изјави од државниот врв не помагаат во нивно решавање. Ве повикуваме да се извините јавно, овој пат по уште понавредливите оправдувања, со цел да се санира штетата предизвикана врз јавното мислење од вашата изјава. Но, уште поважно Ве повикуваме интензивно и сериозно да се зафатите со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тоа е единствениот начин да се надомести за исклучувањето, стигмата и насилството кое ова заедница го искусува и да се изгради едно општество за сите.
Comments are closed for this post.