Премиерот Зоран Заев ја исклучи можноста за предвремени избори и најави дека тие ќе бидат редовни.
Изборите, дополни, се редовни. Реков дека тие не мора да бидат во декември затоа што тогаш беа преусилени и мораше да се случат во декември. Може да бидат во октомври, ако тоа за некој значи успех за предвремени избори. Но, по големите политички одлуки, по сите реформи кои заедно ги донесовме, по нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да почнеме преговори со ЕУ, време во кое економските параметри се одлични и продолжуваат да бидат одлични, треба да и дадеме шанса на државата, да истурка максимум од овој неповторлив, драгоцен период, заради тоа што економски бенефит треба да видат граѓаните, рече вчера премиерот Заев .
Comments are closed for this post.