Премиерот Заев телефонски бараше од мене да влијаам врз членови на судскиот совет за разрешување на претседател на еден суд во државата и таа работа треба да биде завршена до септември“, кажа градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети на прес-конференција.
Градоначалникот тврди дека барањето на премиерот Заев го одбил, а две недели потоа, тој добил повик да се јави во Антикорупциската комисија заради покрената постапка против него за платформите на Матка.
Беџети вели дека е сигурен оти ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбил да кажува на одредени членови како да гласаат.
Градоначалникот на Сарај раскажувајќи го текот на настаните открива дека прв кој му се јавил на телефон за поништување на легализација, за како што вели од претходниот мандат, бил премиерот Заев.
Беџети тоа тогаш го сфатил како обид да се помогне бидејќи општината Сарај не заземала страна.
Исто така тој дополни дека имал и предлог од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да биде урната само една од дивите платформи, а останатите да продолжат да се градат.
Зошто притисоците, како што вели од премиерот Заев, не ги пријавил во Обвинителството или МВР, Беџети вели заминал на одмор и сега се вратил во земјава, но вели дека е отворен за сите институции. Од истите причини за случајот не го информирал ни претседателот на ДУИ, Али Ахмети и партиското раководство, но деновиве ќе го стори тоа.
Comments are closed for this post.