Џејми Оливер (44) банкротираше пред неколку месеци поради долг од 71,5 милиони фунти, но сега за списанието “You“ ги објасни причините за распаѓањето на неговата огромна деловна империја. Џејми, беше принуден да затвори 22 од 25 ресторани што ги имаше во својот синџир.
Готвачот кој пред неколку месеци се извини на вработените( 1300 луѓе останаа без работа) истакна дека пропаднал, затоа што неговите јадења не биле доволно “богаташки“ , а тој се обидел по просечна цена да им понуди на луѓето пристојна и вкусна храна.
Како што вели, неговите муштерии биле припадници на средниот слој, а познатите ланци на “брза храна“ на крај го “изедоа“. Финансискиот колапс го коментираше и Колин Робертс кој работел за Џејми. Тој вели дека се пропаднало затоа што одеднаш биле отворени голем број ресторани , што било осудено на неуспех. Неговиот менаџер пак истакнал дека проблем било затоа што рестораните биле отворени во неатрактивни места, села и мали градови каде што никој не очекувал дека ќе има познат ресторан
Џејми кој своето прво јадење го дизајнираше на 27 години, а се прослави во емисијата “The Naked Chef’, истакна дека дал се од себе да ги спаси рестораните.
Џејми во интервју за магазинот „YOU“ рече дека парите никогаш не биле негова цел, но поранешните вработени рекоа дека тој е многу алчен и дека сака да заработи милијарди без да инвестира и дека бизнисот стана премногу комерцијален.
Светски познатиот готвач иако остана без својот ланец на ресторани , не престана да готви и објавува рецепти на неговиот канал на Инстаграм.
Comments are closed for this post.