Технолошкиот гигант Епл синоќа потврди дека планираат да дадат награда од еден милион долари на секој оној кој ќе успее да хакира „ајфон“, било кој компјутер од МекБук, но и уште неколку нивни производи кои се популарни на пазарот.
Официјалната објава за „лов на грешки“ ја најави Иван Крстиќ од Загреб, триесет и три годишен шеф на оделението за безбедносен инженеринг.
Крстиќ кој е еден од најпознатите светски стручњаци за информатичка безбедност, пред два дена, на технолошката конференција во Лас Вегас, изјави дека Епл ќе ја зголеми наградата за сите истражувачи и хакери од досегашните 200 илјади долари, на милион долари ако пронајдат грешка во оперативниот систем на Ајфон.
На „ловот на грешки“ може да се приклучи било кој, а освен за Ајфон, годинава се проширува и на оперативните системи на останатите уреди, вклучително Мек, часовниците Епл Воч и Епл ТВ.
Крстиќ заклучи дека акцијата на Епл, која започна во 2016 година, бележи голем успех, а хакерите ширум светот во последните три години пронашле 50 сериозни грешки во нивниот систем.
Comments are closed for this post.