Директорите на германските авиокомпании се обврзаа дека ќе обезбедат повеќе авиони како дел од низата мерки со кои треба да се избегне каснење и одлагање на летовите.
Ова неодамна на Твитер го напиша портпаролот на германското Министерство за сообраќај.
На самитот во Хамбург, министерот за сообраќај Андреас Шојер побара од извршните директори на авиокомпаниите да се обврзат на мерките со кои воздушниот транспорт би го направиле поефикасен. Иницијативата следува по пореметувањето и одлагањето на патувањата кои се појавија по крахот на „Ер Берлин“ минатата година, пренесува Ројтерс.
Генреалниот директор на Луфтханза Карстен Шпор на прес конференција изјави дека авиокомпанијата ќе обезбеди дополнителни авиони и екипаж во готовност. Додаде и дека Луфтханза исплатила 250 милиони евра на име оштета заради доцнење.
Меѓу дваесетте мерки договорени се и предлози за кадровско засилување на центрите за контрола на летањето, забрзување на безбедносната контрола на аеродромите и ефикасно известување на патниците за доцнењето и откажувањето на летовите.
Comments are closed for this post.