Во Берлин, пред две седмици е одржана Парадата на гордоста на која учествуваа околоу десетина илјади луѓе, но еден машки пар посебно предизвика внимание кај јавноста.
Пар мажјаци од видот кралски пингвини во берлинската зоолошка ја исполнува долготрајната амбиција, тие сакаат да станат родители, посвоија јајце кое го отфрли неговата мајка.
Скипер и Пинг и порано ги покаѓувале своите инстикти за одгледување семејство, така што, наместо да лежат на јајца, користеле камења, дури и риби, вели портпаролот на зоо градината.
Првата средба со вистинско јајце ја имале минатиот месец кога женка од кралските пингвини го отфрлила нејзиното јајце, а овие двајца веднаш се ставиле во улога.
Чуварите во зоо градината го ставиле јајцето пред машкиот пар и пингвините веднаш знаеле што треба да прават.
Тоа не треба да е чудно, бидејќи традиционалните парови пингвини ја делат обврската околу инкубацијата на малечките.
„Тие се во истополова врска. Покажуваат нормално однесување околу одгледувањето потомство. Но досега немалае јајце, како би ја задоволиле потребата од нега. Ова често се случува кај пингвините кои живеат заробени, но и во природата, доколку немаат адекватен партнер за парење, изјави Норберт Камел“, чувар во зоолошката градина.
Comments are closed for this post.