Италијанскиот весник Ла Верита денеска објави и трето продолжение за случајот „Рекет“. Во него повторно се слушаат гласовите на Бојан Јовановски – Боки 13 и Орце Камчев, како и гласот на Катица Јанева.
Тие зборуваат за враќање на пасошот на бизнисменот кој е осомничен во „Империја“, бидејќи како што вели тој треба да оди во Турција. Тогаш, Боки 13 ја вклучува обвинителката на спикерфон на која ѝ вели: „Во ред е, ги изразговаравме сите работи, ги апсолвиравме сите работи и нејаснотии“.
„Добро“, вика Јанева од другата страна, по што Боки 13 продолжува: „Они точно ги поднеле кај оваа, се повикале врз основа на начелното правно мислење кај Димишкова. Во случај она да не одлучи, он ќе го прати тоа среда-четврток со гаранциите за пасошот, после со спогодбата ќе иде и тоа другото така да се е ок“.
„Да се е договорено, како што е со Боки договорено“, се уфрла Камчев, а од другата страна се слуша Јанева велејќи „добро, добро“.
Пред да се заврши разговорот, таа кажува дека „другото, се го држи под контрола“, кога ја прекинува Боки 13 кој посочува оти Камчев се плаши од Лиле, а бизнисменот вика: „Не се плашам..“
„Јас многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“, вели Јанева, а Камчев кометира: „така е, така“.
„Му кажав јас дека она тука е под тебе и дека не смее“… додава Боки кога и завршува првиот разговор од снимката.
Comments are closed for this post.