Скандалот за случајот „Рекет“ ќе се проширува и ќе добие нови размери, зашто на снимката има и разговор помеѓу Катица Јанева и Боки 13, кој потврдува дека не само што Катица била мозокот на операцијата, туку тврди дека обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за „Империја“ е под нејзина целосна контрола, пишува порталот Сведок.
По објавување на дел од снимката на која се гледа како Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од домот на Орце Камчев во Злокуќани, се најавува и продолжение на сниимката на која јавноста ќе го чуе и гласот на Катица Јанева, што во целост ќе ја потврди нејзината улога во аферата и ќе го сруши кредибилитетот на СЈО, кое денека побрза да протолкува дека немало поврзаност на Катица со Боки, се вели во текстот на Сведок.
Она што според Сведок се слуша од Јанева на снимката е “Ич да не се секирате, обвинителката Лиле Стефанова е целосно под моја контрола”.
Стефанова е обвинител кој од страна на СЈО го води предметот “Империја”.
Comments are closed for this post.