Пијалакот „Атомик” е направен од житарки, но и со вода земена од забранета област околу оштетената нуклеарна електрана во Чернобил.
Идејата била на професорт од британскиот Универзитет на Портсмут, Џим Смит, кој и почнал со одгледување житарки во забранетата зона.
– Нашата идеја уште тогаш беше да го искористиме зрното за да направиме алкохолен пијалак… Треперам додека го пија, вели Џим додека крева едно од своите шишиња, раскажува проф. Смит.
Тој тврди дека вотката не е радиоактивна. –
Не е порадиоактивна од која било друга вотка… Секој хемичар ќе ви каже дека, кога дестилирате нешто, сѐ она што е штетно завршува „во отпад“, нагласува проф. Смит.
Тоа го потврдиле и научниците од хемиската лабораторија во Универзитетот Саутемтон.
Со помош на „коктел-познавачи“ од еден бар во Лондон, „Атомик” го споредуваа со други вотки. Дегустаторот Сем Армај сета дека тоа е „пијалак во којшто повеќе се чувствува зрното, отколку алкохолот“.
– Има повеќе овошни ноти, но се чувствува и ’ржта, вели Сем.
Прашан – кој коктел би го направил од вотката, тој вели: „Класично мартини, но може и помешано со шампањско“
Comments are closed for this post.