За важноста на областа Преспа во Грција, како во изминатите години така и сега, не само од уметнички, туку и од политички аспект, говореше уметничкиот директор на фестивалот „Преспес 2019“, Јоргос Лианис на одржаната прес конференција, jави дописничката на МИА од Атина.

-Не е фестивал што случајно се одржува некаде. Пред сѐ е фестивал што се одржува во еден многу чувствителна област, Грција, Северна Македонија, Албанија. Сакавме да станеме мал светилник на културата, рече уметничкиот директор на „Преспес 2019“.

Фестивалот по 30-ти пат ќе се одржи од 22 до 26 август во три општини во поширокиот регион на Преспа, а Лианис рече, освен музички, во суштина длабоко е и политички фестивал, бидејќи целата била да добие политичка димензија. Овој негов став го поддржа со фактот што во минатото регионот го посетиле, премиери, претседатели, лидери на партии, митрополити, архиепископи итн.

Уметничкиот директот на фестивалот се осврна и на најважните настани што позитивно го одбележаа регионот Преспа на грчка страна.

-Договор за Балканскиот парк Преспа; билатерални и трилатерални средби на премиери. Ве потсетувам на средбите: Симитис-Георгиевски, Јоргос Папандреу-Груевски-Илир Мета. Договор за примирје потпишан од 35 победници на Олимпијади. Соопштување на кандидатурата на Микис Теодоракис за Нобеловата награда за мир. Ако ја оставиме слободна нашата фантазија, ќе видиме дека не е случајно што Договорот од Преспа беше потпишан во Псарадес и исто така, воопшто не е случајно што господинот Ципрас и господинот Заев беа предложени за Нобеловата награда за мир. Може сите да велат дека ова е случајно или е коинциденција. Јас велам дека кога постоја коинциденции што се повторуваат, веќе не се коинциденции, рече Јоргос Лианис, уметничкиот директор на фестивалот „Преспес 2019“