Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук му одговори на министерот за здравство Венко Филипче околу изградбата на новиот Клинички центар и споредбите со „Скопје 2014“.
Мицкоски му порачува на Филипче дека месеци не делат од, како што вели, обновата на Македонија и кога да има привилегирани политичари.
Кога човек ќе одлучи да слугува и кога тоа го прави безпоговорно на сметка на граѓаните, тогаш тоа го прави ништо повеќе отколку соучесник во пљачката на векот и за тоа набргу ќе има одговорност.
Имено, јавноста е само транспарентно информирана за начинот на кој криминалците се обидуваат да ја изведат пљачката и тоа не ги прави помалку виновни.
Ве предупредувам, нема после бегање…, а што се однесува до тоа за што јас треба да се позанимавам еве ќе Ви одговорам. Имате веќе трета година да се занимавате со тоа што го пишувате, но вие одлучивте да се уортачите и да ковате планови против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и еве Ве уверувам, ќе се занимавам со се и со тоа што го пишувате и за вашите нови ортаци, ама ќе се занимавам и со ова што денес заедно со тој на кој му слугувате го правите, го пљачкате сопствениот народ, злоупотребувајќи го здравјето на луѓето, крадете….
Месеци не делат од #ОбноваНаМакедонија, нема привилегирана каста на политичари, секој кој се огрешил и посрамотил ќе сноси одговорност, без разлика на политичката припадност…
ПС: Ве молам следниот пост тие што ќе Ви го напишат, правилно нека го пишуваат моето презиме, Мицкоски-пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
Comments are closed for this post.