Независниот синдикат на образование и наука на прес конференција обвини за непочитување на работничките права на просветните работници. Тие во барањата упатени до повеќе институции бараат решавање на повеќе проблеми со кои се соочуваат оние работници кои не се членови на репрезентативниот синдикат СОНК.
Во дел од барањата тие бараат ревизија на колективниот договор со кој, како што велат се штитат правата само на членовите на СОНК, а не и на оние кои не се членови на овој синдикат. Реагираат и на ситуацијата во која на нивни колеги кои не се членови на СОНК им се намалени деновите од годишниот одмор, а на други не им се почитува волјата да истапат од синдикатот.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми ги отфрла обвинувањата за дискриминација за која Независниот синдикат вели дека произлегува од сегашниот колективен договор.
Од независниот синдикат велат дека доколку не се реши настаната ситуација ќе ги известат европските организации за заштита на работничките права.
Comments are closed for this post.