Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја по секоја цена ќе ги брани своите национални интереси, како низ дијалог и дипломатија, така, доколку има потреба, и со употреба на сила.
Ердоган, синоќа во Анкара, во текот на средбата со турските амбасадори, се осврна на актуелните случувања во и околу земјата.
Зборувајќи за борбата против ФЕТО, Ердоган кажа дека од САД очекуваат конкретни чекори било да станува збор за предавање на првиот човек на оваа организација Фетулах Ѓулен на Турција, било за прекин на снабдувањето со оружје на терористите од ПКК.
Во врска со ракетниот систем С-400, што Турција го набави од Русија, Ердоган порача дека нема конкртни докази дека системот им штети на НАТО или на програмата за производство на ловецот Ф-35.
-Ние сигурно ќе ги браниме нашите национални интереси, кога тоа ќе биде потребно-со дијалог, но, исто така, и со поблаги елементи на сила. Некогаш и со присилните алатки на дипломатијата, но кога тоа ќе биде потребно и со користење реална сила, порача Ердоган, пренесе агенцијата Анадолија.
Осврнувајќи се на односите меѓу ЕУ и Турција, Ердоган кажа дека „доколку ЕУ сака да стане глобален играч мора прво да ја придобие Турција. Членството на Турција не смее да биде жртва на волјата на неколку земји“, рече тој
Comments are closed for this post.