Кривичниот суд одлучува за екстрадицијата во Србија на поранешниот член на ОВК, Томор Морина, кој од Белград е обвинет за воени злосторства над цивилно население.
Тој беше уапсен на граничниот премин Блаце пред десетина дена и оттогаш се наоѓа во екстрадиционен притвор, а Косово и Србија се закануваат со нарушување на односите со Македонија во зависност од тоа дали Морина ќе биде екстрадиран или ќе биде пуштен на слобода.
Министерството за правда му ги предава на судот документите испратени од Србија, а според најавите денеска или утре Кривичен ќе треба да одлучи дали поранешниот припадник на Ослободителната војска во Косово ќе и биде испорачан на Србија, која го бараше преку Интерпол.
Од судот велат дека ќе треба време да се разгледаат документите, а потоа да кажат дали ќе дадат мислење или пак ќе има потреба од дополнителна документација.
Конечниот збор сепак го има Министерството за правда кое врз основа на мислењето добиено од Судот ќе донесе одлука за екстрадиција или ослободување.
Comments are closed for this post.