Октоподот не мирува, мирува само Русковска – обвинителството. Додека одмораат истовремено со Катица Јанева, октоподот и таканаречената невладина на владата за скандалот „Рекет“ каде членуваат половина СДСМ имаат можност слободно да уништуваат евентуални докази и да влијаат врз евентуални сведоци, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош е еден од функционерите на СДСМ кои што заедно со Фросина Ременски и Костадин Костадинов, се вплеткани во НВО која што е центарот на вниманието на скандалот „Рекет“. Граѓаните се уште немаат одговор за Меморандумот од ноември 2017 година. Стефан Богоев, како градоначалник потпишал Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз, Сојуз внимавајте во чиј што Управен одбор е таткото на Стефан, Владо Богоев, вели Стоилковски.
Јавноста мора да знае за улогата на Богоеви и дали има евентуална злоупотреба преку меморандумот за заедничка реализација на проекти и колкава е улогата на Богоеви за телевизискиот презентиран проект „Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ во општина Карпош. Презентација направена преку телевизијата на Бојан Јовановски, Боки13!
Додека граѓаните тонат во сиромаштија, државата ја задолжуваат, а функционери обединети во државна мафија тераат рекет и самоволие, а обвинителството се одмора.
Ете затоа на Македонија и е потребно право и правда, затоа на Македонија и е потребна обнова, и таа ќе се случи наскоро. Ве уверуваме дека сите кои што се огрешиле, ќе одговараат, а бројчаникот, навистина ќе врти!
Comments are closed for this post.