Државната комисија укажа дека е недозволиво членот на Советот на Општината во Охрид, Нефи Усеини да се пријави дека ќе руши дивограби а и самиот тој е сопственик на пицерија-дивоградба.

 

Со тендерот објавен од Општина Охрид за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите меѓу тие што доставиле понуди е и фирмата во сопственост на членот на Советот, Усеини кој е сопственик на пицеријата-дивоградба кај Чинарот во Охрид.Градоначалникот на Општина Охрид  излезе со став дека ќе го почитува укажувањето на Комисијата-изјави претседателката Ивановска.