Пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски вели дека случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен. Тој се сомнева дека во случајот се вмешани високи функционери на СДСМ . Во интервју за Фактор, појаснува дека ниту тој, ниту неговите колеги, можеле да претпоставват што се нивен познаник прави и како тоа се одразува врз нив.
„Се сомневам дека високи функционери од СДСМ, кои добиле чест од граѓаните и партијата би се впуштиле во вакво злодело. Го тврдам тоа, а и за многу скоро ќе се потврди. Познанството или пријателството е една работа, нечие делување надвор од законите е сосема друга. Никој од сите нас немало ниту што да крие ниту што да манифестира со било кого.Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и какотоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија“, вели Кирацовски.
За случајот „Рекет“ очекува една сеопфатна, транспарентна, длабинска, во разумен рок и до крај спроведена истрага, каде како што вели сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред лицето на правдата и низ непристрасен и праведен судски процес, секој ќе добие заслужена казна, за правдата да биде задоволена
„Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат“,додава Кирацовски.
Comments are closed for this post.