Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели свика средба на претседателството и лидерите на парламентарните партии на разговори за вонредна седница на законодавниот дом на која ќе се распушти Собранието и ќе се закаже датум на избори, објави приштинскиот весник „Зери“.
Средбата е закажана за околу еден час, но приштинските медиуми ја пренесуваат скепсата на опозициските партии дека ќе се дојде до согласност за датум за нови избори. Опозицијата не ја исклучива можноста владејаќката коалиција, поддржана од претседателот на Косово Хашим Тачи да се обиде што е можно повеќе да го пролонгира закажувањето избори.
Истовремено, „Епока е Ре„ повикувајќи се на свои извори, објави дека парламентарна седница ќе се одржи во текот на неделата, со оглед на тоа дека сите партии изразиле согласност.
Тачи во петокот побара од Весели, заедно со коалициските партнери, да предложат кандидат за мандатар за формирање на новата Влада, откако премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка. По таа изјава, лидерот на ПАН коалицијата Кадри Весели одговори на писмото од претседателот на Косово, истакнувајќи дека нема да има нов мандатар и повтори дека изборите се неизбежни.
Повеќето парламентарни партии, меѓу кои и ПДК и коалициските партнери,како и опозицијата, објавија дека не прифаќаат техничка или преодна Влада и бараат што поскорешно одржување предвремени избори
Comments are closed for this post.