Почетокот на април и крајот на мај се датумите кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ во рамки на работните групи ги понудила како опција за предремени парламентарни избори. Лидерот на партијата Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека изборите треба да се случат час поскоро.

Понудивме два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан. Изборите ни се потребни час поскоро пред се поради корупцијатаа, економското цунами и криминалните скандали на власта. Октоподот има широко распространети пипци, рече Мицкоски.

Запрашан за преговорите околу Законот за обвинителство, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нивниот предлог е во согласност со законите и Уставот. За разлика од нив власта, рече Мицкоски има за цел пресметка со политичките неистомисленици, политички прогон и задушување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Јас сакам да бидам оптипист и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна.  Преговорите од нивна страна изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците, рече Мицкоски.