Турист од Свети Николе се удави во Охридското езеро откако се здобил со тешки повреди на главата на плажата „Лагадин“.
Д.Л.(35) синоќа околу 20.00 часот скокнал во езерото но со главата удрил во голем камен кој се наоѓал во водата. Службите веднаш интервенирале, но тој и подлегнал на повредата уште при транспортот кон болница.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Comments are closed for this post.