Пратеникот Антонио Милошоски објави заедничка фотографија од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски. Милошоски го објави и меморандумот за соработка помеѓу општината и контроверзниот Меѓународен сојуз.
„Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво! Поздрав, Антонио“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во објавата.
Претходно општина Карпош и Богоев реагираа дека меморандумот е необврзувачки декларативен документ и дека немало никаква соработка и никаков проект со Меѓународниот сојуз Скопје на Јовановски.
Претходно Богоев преку соопштение реагираше дека Меморандумот не е обврзувачки и тврди дека не е реализиран ниту еден проект или некоја активност со Меѓународниот сојуз.
Comments are closed for this post.